| четврток, 6 декември 2018 |

Експлодира џипот на познатата српска водителка (фото)

Утринава во 8:30 часот кај стадионот на Црвена Ѕвезда експлодирал џип во сопственост на момчето на Душица Јаковлевиќ, водителката на Пинк ТВ.

Џипот експлодирал на паркинг пред станбена зграда во близина на стадионот на Црвена Ѕвезда, а по експлозијата потполно изгорел. Според првите информации, за среќа нема повредени. Во Брзата помош велат дека помош и укажале само на една жена и тоа поради претрпен шок.

Како што пишуваат српските медиуми, момчето на Душица, Јован Алексиќ, со кого е во стабилна врска четири години, не е во Србија во овој момент, а водителката, како што велат нејзините блиски е видно потресена поради овој инцидент.

Душица има две деца, а Јовица уште две, но никој од нив не бил во близина на џипот за време на експлозијата, затоа што за среќа спиеле.

Водителката неодамна во едно телевизиско гостување откри што ја дочекало после една емисија која ја водела во реалното шоу Задруга.

-Јас ќе кажам дека после една емисија на автомобилот некој… Некој, не можам да докажам, затоа што немам, но некој ми го изгреба левото крило на мојот автомобил. Повторно некој неколку дена подоцна исто така со клуч ми нацрта срце на вратата, така што браво за креативноста. Мислам дека се отиде предалеку во таа смисла, кажа тогаш Душица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top