| четврток, 6 декември 2018 |

Четврти Меѓународен турнир во фудбал „Кул Куп 2018“ на 7, 8 и 9 септември (видео)

На 7,  8 и 9-ти септември ќе се одржи четвртиот Меѓународен турнир во фудбал „Кул Куп“ 2018. На купот ќе учествуваат играчи од генерациите 2007, 2008, 2009 и 2010 година.

На годинешниот „Кул куп“ ќе земат учество 64 екипи со 1.000 учесници, кои силите ќе ги измерат на терените на Фудбалскиот клуб „Кул“ во Кисела вода и на теренот на Фудбалскиот клуб „Цементарница“, исто така во Кисела вода.

На турнирот ќе гостуваат реномирани фудбалски школи од земјава и од странство: „Кул“, „Работнички“, „Вардар“, „Шкендија“, „Војводина“, „Локомотив“ од Пловдив, Бугарија и уште многу други.

Овие купови секогаш ги одбележуваат интересни моменти во натпреварите, радост, смеа, солзи, учесници со натпреварувчки дух , пехари, медали, верна публика и уште многу други спортски моменти.

Во изминатите години турнирите беа организирани по правилата и пропозициите на детските лиги, а за истите беа задолжени делегати, прволигашки судии и медицински лица.

За публиката беа овозможени интересни натпревари, а таа за возврат даваше неизмерна подршка и бодрење на екипите учеснички. Се доделуваат медали и пехари за првите три места во двете генерации, а се доделува и награда за најдобар голман, најдобар играч и најдобар тим.

КУЛ КУПОТ со ова четврто издание цели кон тоа да стане традиција, пример за фер плеј игра, размена на искуства помеѓу тренерите, натпреварувачите и сите останати лица кои допринесуваат на свој начин во фудбалот и спортот воопшто, но најголемо искуство стекнуваат организаторите, кои од година во година имаат се поголел мотив за подобра и поуспешна организација за наредната година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top