Откако за девет часа го преплива Охридското езеро, дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски кратко по својот подвиг изјавил дека воопшто не изморен. Во телефонскиот разговор, малиот охридски херој за Женски магазин изјавил дека повторно би се нафатил на истиот предизвик.
– Кога почнав да пливам водата беше многу студена. Но, ниту еден момент не помислив да се откажам. Додека пливав ми студеше и си мислев како да си олеснам. Си реков дека како што пливам, ќе ми станува сѐ потопло и потопло. Така и беше.
– Ногата не ме болеше. Не сакав воопшто да правам пaуза. Кога огладнев, сакав да јадам во вода, но тешко ми одеше поради брановите, раскажал Марко и додал дека главниот мотив за неговиот ентузијазам вели дека му го дал татко му, Тони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст