| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец прободен со нож додека возел точак – го нападнале од автомобил во движење

Синоќа околу 21 часот во Полициската станица Карпош, А.Ш. (32) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19 часот на булеварот „8-ми Септември“ со нож бил прободен во грб од страна на лицето А.С. од Скопје.

А.Ш. со неговиот другар Е.Ш. возеле велосипед. Во тоа време до нив се доближило патничко возило „Форд“ со непознати регистарски ознаки, во кое бил А.С. и уште четири непознати лица. Додека возилото било во движење, А.С. го отворил прозорецот и со нож го прободел А.Ш. во грбот, а го погодил и неговиот другар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top