| четврток, 6 декември 2018 |

Скопската полиција во акција против моторџиите кои учествуваат во диви трки

Во периодот од 22.30 часот синоќа до 02.00 часот на 31.08.2018 година, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје била спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.

Од страна на полициски службеници привремно се задржани пет мотоцикли, четири за проверка на техничка исправности и составни делови на возилата и еден под сомнение за царински прекршок.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top