Оваа недела беа објавени резултатите од интернет-истражувањето на Европската комисија, во кое Европејците гласаа дали сакаат да го укинат поместувањето на часовниците во пролет и есен. Во анкетата учествуваа рекордни 4,6 милиони луѓе, а над 80 проценти од нив гласаа за укинување на поместувањето на часовникот.
Повеќе од 80 проценти од Европејците кои гласаа за поместување на часовникот гласаа и за тоа часовникот да остане на летното пресметување на времето, односно два часа понапред во однос на времето по Гринич.
Јункер во интервју за германскиот ЗДФ се осврна на резултатите од истражувањето и рече дека е убеден дека Европската Унија ќе премине на летно сметање на времето.
– Така ќе биде. Луѓето го сакаат тоа, и ние ќе го направиме, уверено порача Јункер, и рече дека тоа ќе го предложи на Комисијата, а потоа следуваат земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст