Вчера околу 17 часот било пријавено дека во с. Нерово-крушевско, избувнал пожар во плевна сопственост на С.Ј. (63), и изгореле околу 600 бали со тутун, седум кутии со тутун, 25 вреќи со жито, 200 бали со сено и слама, трактор „ИМТ 542“ (делумно изгорен), патничко моторно возило „Голф 2“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто“, а на куќата биле испукани стакла од два прозора, при што била причинета материјална штета од околу 15.000 евра.
Во 19 часот пожарот бил целосно изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица-Крушево и Територијалната противпожарна единица-Кривогаштани. Со изгореници на рацете и телото се здобиле С.Ј. и неговата снаа Џ.Ј. (35), кои се обидувале да го спасат тракторот.
На истите им била укажана лекарска помош во Општата болница во Прилеп, по што биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле екипи од Полициските станици Прилеп и Крушево и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст