| четврток, 6 декември 2018 |

Лил испратил солидна понуда: Аријан Адеми се сели во Франција

Mакедонскиот репрезентативец и член на Динамо Загреб, Аријан Адеми во последниот ден од преодниот рок најверојатно сепак ќе заврши во францускиот шампионат. Иако тој во август потпиша нов договор со Динамо З. до 2023 годиниа, хрватските медиуми пишуваат дека француски Лил не се откажал од него и понудил 6,5 мил. евра.

Оваа сума Динамо е спремен да ја прифати, па многу е веројатно Македонецот во текот на денешниот ден да го комплетира трансферот. Динамо најпрво одбил две понуди, но Лил не се откажал и ја зголемил понудата на 6,5 милиони евра плус 1 милион како бонуси, што ќе ги задоволи апетитите на хрватскиот клуб.

27-годишниот македонски репрезентативец цели 8 години е член на Динамо Загреб, и токму денес би можел да го напушти „Максимир“ и да се пресели во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top