| четврток, 6 декември 2018 |

Загрозениот сведок во „Монструм“: Слушнав повеќе истрели пред да ги видам телата кај Смилковското езеро

Во кривичниот суд во Скопје денеска продолжи испитувањето на загрозениот сведок во случајот ,Монструм”. На замаглен екран и со модифициран глас, загрозениот сведок го испитуваа судиите.

– Чув истрели пред да ги видам телата, рече загрозениот сведок и се присети дека околу езерото имало шамаци со жолтозелена боја со висина од 1,5 до 2 метри. Тој не се сети дали обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ги видел кај езерото.

Загрозениот сведок не можеше да се сети дали имало крв околу четирите мртви тела. Сведокот рече дека не видел кој пукал во жртвите.

– Ова не е загрозен сведок, туку лажен сведок, рече адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top