| четврток, 6 декември 2018 |

Началникот со џипот поставен за началник на Организиран криминал

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, ќе биде поставен на позицијата Началник на Одделот за борба против организираниот криминал, објави порталот „Лидер“.

Како што неофицијално дознава „Лидер“  министерот за вратрешни работи Оливер Спасовски го назначил Велковски на чело на овој важен оддел по барање на премиерот Зоран Заев.

„Лидер“ се обидел да ја потврди информацијата кај портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, кој ниту ја негирал, ниту ја потврдил информацијата, барајќи прашањето да биде испратено по електронска пошта. Одговор редакцијата на „Лидер“ уште не добила.

Инаку, Велковски беше разрешен од владата од позицијата директор на БЈБ, по скандалот кој изби со злоупотребата на неговото службено возило со кое неговата ќерка замина на одмор во Грција во кампот Евридики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top