| четврток, 6 декември 2018 |

Осумгодишно дете прегазено вчера во Сарај, итно пренесено на скопските клиники

Во текот на вчерашниот ден, околу 18 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с. Сарај, патничко моторно возило “Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици, управувано од Ј.И.(32) од с.Љубин-скопско, удрило во дете-пешак на возраст од осум години од с. Сарај.

По незгодата детето било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top