Хрватската Википедија достигна ново дно на филоусташка апологија со најновите измени во написот за Јасеновац, пишува загрепскиот портал „Индекс“.
Како што наведува порталот, хрватската Википедија како релевантен извор ја наведува книгата на Игор Вукиќ „Работен логор Јасеновац“, која овој усташки логор на смртта, кој ги згрози дури и нацистите, го претставува речиси како бања за одмор.
И повеќето референци на кои се повикува написот за јасеновац во хрватската Википедија се од екстремно десни медиуми, како што се порталот на здружението на Жељка Меркиќ, Народ.хр, Хрватски тједник и Макспортал, наведува „Индекс“.
На сите места каде пишувало дека Јасеновац бил „логор на смртта“, сега пишува „собирен логор“.
За споредба, на ангглиската и германска Википедија Јасеновац се опишува, меѓу другото, како логор за истребување луѓе, истакнува „Индекс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст