Да се разбереме, Заев не го потпиша договорот со Ципрас поради некоја определба за соживот на балканските народи. Гајле му е нему што после тоа омразата помеѓу Македонците и Грците се зголеми.
Не го направи тоа ниту поради убеденост дека НАТО ќе донесело поголеми инвестиции или ќе се подобрела безбедноста. Дотолку барем ги разбира работите.
Го направи сето ова, зашто му дадоа задача од САД да ја заврши за тие да ја остварат својата геостратешка цел во борбата за превласт со Русија и да ја убутаат Македонија во НАТО.
Е сега, не наивно, претерано наивно е да се очекува дека Заев заради ништо ги послуша своите империјални газди.
Добриот вазал не се менува и до крај се поддржува.
Се знае како оди дилот на вазалите со империјалните господари:
вазалот го слуша господарот, а за возврат тој му дава одврзани раце да ја употребува и злоупотребува власта за своја лична корист.
Толку, бре, случаи за ова има во светот, срамота е да не гледаме што се случува пред нашите очи!
И имајте предвид, ќе се гази демократијата, ќе се газат човековите права, но од „меѓународната заедница“ никаков притисок против тоа немојте да очекувате.
Инсталирање на вазалска власт во една земја не е играчка! Скапа е цената што народите ја плаќаат во такви држави!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст