| четврток, 6 декември 2018 |

Во последниот ден од трансфер рокот, Дортмунд ќе се обиде да продаде тројца фудбалери

Според написите на германските медиуми, новиот тренер на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавре во последниот ден од трансфер рокот ќе се обиде да се ослободи од тројца негови фудбалери. Офанзивниот играч од средниот ред на Дортмунд, Шинџи Кагава, е пред разделба со клубот и се очекува да ја продолжи кариерата во шпанската Севиља.

Нури Сахин е другиот фудбалер кој речиси сигурно ќе замине, а интерес има од турскиот клуб Фенербахче. Според германската телевизија „Sport1“ Фавре сака да се раздели од Себастијан Роде кој ја пропушти речиси целата мината сезона поради повреда.

Трансфер периодот за германските лубови завршува утре, па претставниците на Дормунд ќе имаат полни раце работа доколку сакаат да ги остварат овие зделки до крајот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top