| четврток, 6 декември 2018 |

Кагава повторно си заминува од Борусија Дортмунд

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Шинџи Кагава најверојатно ќе го смени тимот до крајот на преодниот рок кој завршува утре. Германски „Кикер“ објави дека од таборот на Севилја пројавиле интерес за јапонскиот интернационалец кој минатата сезона на 27 натпревари постигна шест гола во дресот на „Милионерите“.

Јапонецот не беше во првиот тим на Борусија Дортмунд на воведниот натпревар од Бундеслигата против Ред Бул Лајпциг и се верува дека нема да биде во прв план кај Лусиен Фавре.

Токму затоа, 29 годишниот фудбалер ќе си ја побара среќата на друга страна и веројатно најдоцна утре ќе го комплетира трансферот во Севилја. Ианку Јапонецот веќе еднаш го напушти Дормунд за Манчестер Јунајтед во 2012 година, но епизодата на „Олд Трафорд“ не му беше успешна, па две години подоцна се врати кај „милионерите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top