26 – годишниот Виктор Серафимов е сопственикот и управител на Авто испитен центар Скопје, фирмата која 7 дена по основањето доби милионски бизнис од МВР за спроведување возачки испити на територија на Скопје, објави телевизија АЛФА.
Во деловен објект на улицата Перо Наков 108 А, Авто испитен центар Скопје, неофицијално има изнајмено три простории за работа. Екипата на Алфа ТВ успеала да влезе во една од училниците која во целост не била опремена за полагање возачки испит.
– Се работи за дејност за која се доделуваше лиценца само на едно правно лице за Град Скопје за период од 10 години и поаѓајќи од тоа, не е логично да постои друго правно лице со таква дејност затоа што тоа правно лице не поседувало лиценца за вршење на таква дејност на територијата на град Скопје. Оттука, сите овие шпекулации ги отфрламе како неосновани. Според условите во конкурсот, стручната комисија од Министерството за Внатрешни работи, утврдила дека понудата на Авто Испитен Центар Скопје е најдобра и од тие причини им е доделена лиценца за испитен центар за Град Скопје, изјавиле од МВР за Алфа.
Авто испитен центар Скопје, од конкурс ги елиминираше АМСМ, АСУЦ Боро Петрушевски, ПСС и Ауто Македонија. Фирмата на младиот сопственик е регистрирана на 19 јуни 2018, со минимален паричен влог од 5 000 евра, а конкурсот на МВР на кој што и победи беше објавен на 25 јуни истата година. Серафимов лиценцата од МВР ја доби на 14 месецов и истата ќе важи во наредните 5 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст