| четврток, 6 декември 2018 |

Гитаристот на „Браво бенд“, Живко ограбен во Грција: Ни прснале спреј под врата, кога станавме бевме како дрогирани

Музичарот Живко Динев од Струмица, познат како поранешен бас гитарист и вокал на „Браво бенд“, и уште три семејства од Македонија, рано утринава биле ограбени за време на нивното летување во вилата „Ангелика“ во Неа Врасна, Грција – пишува Fokus.mk. Настанот се случил додека сите спиеле, околу 4 часот наутро, а им биле одземени само парични средства. На Живко и неговата сопруга Ана им украле 600 евра.

– Кражбата многу не вознемири, посебно поради начинот на кој се случи. Ние спиевме со заклучена врата. Значи, во сите четири соби во вилата крадците оперирале на ист начин. Во разговор со полицијата дознавме дека ни прснале некаков спреј под вратата, некое средство кое што прави да паднеш во длабок сон, па затоа сите уште поцврсто сме заспале и не почувствувавме кога влегле. Полицијата ни потврди дека и во минатото крадци правеле вака, влегувале во соби и краделе на ист начин. Не слушнавме апсолутно ништо, додека ние омамени спиевме, тие претурале, ни ги нашле и ни ги одзеле парите. Кога станавме утринава сите се чувствувавме како дрогирани, нервозни – раскажуваат Диневи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top