Oпштиот грабеж кој во моментов го спроведува криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев се обидува да го покрие со нови поделби на граѓаните, вели Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
– Криминалот и расипништвото не се европски стандарди. Да се делат крвави тендери во здравството тешки десетици милиони евра на фирми кои постојат еден месец не е европска вредност. Да се ангажираат камиони на братот Вице во нетранспарентна процедура не е европска вредност. Да си доделуваат лиценци за бизниси со марихуана или да се отстапува градежно земјиште во Струмица сам на себе или на семејството исто така не е европска вредност. Фондот за иновации да дели средства на роднини на советници без никаков критериум, не е европска вредност. Не е европска вредност државата да биде водена од премиер кој сите го бидоа како бара мито од „едно евро за црквата и едно евро за Вице, вели Јанушев.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека не е европска вредност државата да биде водена од премиер кој е два пати аболициран за криминал.
– Ваквото криминогено однесување на власта не може да се сокрие со поделбата на народот на проевропски и антиевропски. Господине Заев, најголемиот дел од граѓаните е за влез во НАТО и ЕУ, но жестоко се противи на капитулантскиот договор што го потпишавте со нашиот јужен сосед. Договорот што го потпишавте со Грција значи бришење на македонскиот идентитет. Со капитулантскиот договор се менува името на Република Македонија, се менува уставот на Република Македонија, македонскиот јазикот, македонската националноста, македонската културата, македонската историјата и традицијата. Република Македонија не само што се откажува од Македонците надвор од границите на државата, туку се откажува од сето она за кое што се бореле нашите предци и за сето она што ни е дадено да го чуваме во аманет. Да се поистовети несогласувањето со ваквиот штетен и капитулантски договор со неприфаќање на европските вредности е невидено потценување токму на македонската народ. Европските вредности ќе бидат достигнати само кога политичари како Вас, ќе излезат надвор од политиката и нема да имаат шанса по трет пат да бидат аболицирани, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст