| четврток, 6 декември 2018 |

Вардаровиот џин е новиот крал на стрелците во СЕХА лигата

Новата сезона на СЕХА лигата започна со дерби мечот меѓу Вардар и Металург, во кое фуриозен финиш имаше бранителот на титулата, и на крај со убедливи 34-28 го совлада големиот ривал. Еден од подобрите поединци во редовите на новиот стратег на вардарци, Парондо, беше летонскиот џин Кристопанс, кој мечот го заврши со вкупно четири погодоци, кои му беа доволни да испише нова страница во историјата на СЕХА.

Со овие голови, десниот бек на Вардар го надмина рекордот на поранешното крило на Татран, Радослав Антл и стана крал на стрелците во ова регионално натпреварување. Сега, Кристопанс ја достигна бројката од 582 гола во СЕХА, два повеќе од Антл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top