| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановец заработи две кривични: Дома му нашле марихуана, во кола ловечка пушка

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријавапротив М.П. (36) од Куманово, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

Завчера во Куманово од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени 410,83 грама марихуана, саксија со растение кое припаѓа на растителниот род Cannabis, дробилка со остатоци од растението Cannabis, луле со остатоци од мешавина на тутун и Cannabis и дигитална вага, додека при преглед на патничко возило „Цитроен Ксара“ кое било паркирано пред неговиот дом била пронајдена и одземена ловечка пушка марка „ТОЗ“ калибар 16 мм.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top