| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ја моли ВМРО-ДПМНЕ: Критикувајте нѐ за Договрот со Грција, но излезете на референдумот

Премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Заев го означи почетокот на кампањата за референдумот. Тој испрати орхабрувачки зборови кон присутните и целокупната јавност во Македонија, за еден месец да излезат и да гласа позитивно на референдумот.

Зоран Заев го повика ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи на кампањата за европска Македонија, која денеска беше промовирана, во пресрет на референдумот за прифаќање на договорот со Грција, што ќе се одржи на 30 септември.

-Денес е важен ден за иднината на Македонија. Стоиме пред историски настан.  Заедно сме здружени околу 100 субјекти и од овој момнет го одбројуваме денот кога народот ќе излезе за европска Македонија. Постои една директна линија од 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година. Ја обезбедуваме иднината на нашата земја, со потврден македонски јазик, химна и знаме. Иднината на нашите деца е поважна од сите политички партии заедно. Треба да ја прифатиме оваа шанса за промена и заедно да тргнеме кон нашиот марш кон ЕУ и НАТО, истакна Заев.

Тој кажа дека над 100 субјекти се здружија во оваа коалиција и дека бројката ќе расте, споредувајќи го претстојниот референдум со гласање за втора независност на Македонија.

Исто така, премиерот верува дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи референдумот, а како што рече, политичките битки ќе си останат.

-Критикувајте нè за договорот со Грција, но не ја пропуштајте оваа шанса. Знам дека и ВМРО-ДПМНЕ е за европска Македонија и затоа ја повикувам да ни се приклучи на тој пат. Изградивме силна коалиција со учество на над сто субјекти од сите сфери на општеството, кои ги прифаќаат промената и надежта, кои веруваат во иднината на Македонија, изјави Заев.

-Ги повикувам сите да се приклучлат на тој пат. Убеден сум дека и ВМРО-ДПМНЕ има силни причини да се приклучи на референдумот. Ги повикувам да се приклучат и да покажат дека ЕУ и НАТО се над дневната политика. Започнуваме кампања за придобивките од интеграциите во ЕУ и НАТО, ќе обајасниме дека Договорот со Грција е договор за македонската иднина. Во време на несигурност, ја ставаме Македонија заедно со најсилни земји во светот, рече Заев пред присутните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top