| четврток, 6 декември 2018 |

Порака за активистите на Водно: Забранет пристап за невработени!

Табла „Забранет пристап за невработени“ ги пречека утринава активистите од иницијативата „Го сакам Водно“.

На вториот ден од нивните активности, активистите, кога пристигнале на Водно, забележале табла на која пишува „Внимание! Изградба на гасовод – забранет приспат за невработени“ .

Од иницијативата велат дека таблата била поставена веднаш по нивното доаѓање на Водно, на местото каде што во тек е изградабата на гасоводот.

Тие веќе два дена поставуваат жив штит на местото на изградбата со цел да го спречат, како што велат, уништувањето на Водно.

Претходно, денеска, активистите испратија и соопштение до медиумите во кое побараа ревизија на проектот, дебата со директорот на „Македонски енергетски ресурси“, градоначалникот на Скопје и заменик-министерот на МЖСПП, каде што, како што се вели во нивното соопштение, јавно ќе ги изнесат своите аргументи и со тоа да се стави крај на разговорите во четири очи и зад затворени врати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top