| четврток, 6 декември 2018 |

Црвено-розов килим на „Мостра“ (галерија)

Црвената и розовата боја доминираа на свеченото отоворање на 75-тото издание на филмскиот фестивал во Венеција.

Клер Фој, актерката од филмот „Првиот човек“ со кој беше отворен фестивалот, носеше розов фустан со необична црвена наметка во горниот дел, креација на Пјерпаоло Пичоли за „Валентино“.

Холивудската ѕвезда Наоми Вотс се појави во розов фустан од колекцијата на висока мода на Армани. Црвени и розови креации облекоа и Габриела Вајлд и Лоти Мос, а Рајан Гослинг, кој заедно со Клер глуми во филмот за Нил Армстронг („Првиот човек“), носеше бледо розово сако во комбинација со бела кошула и црни панталони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top