| четврток, 6 декември 2018 |

Децата од Железара го исчистија ѓубрето откако општината 10 пати ги одбила (ФОТО)

Жителите на Железара, предводени од децата од населбата го презедоа здравјето и безбедноста во свои раце. На социјалните мрежи објавени се фотографии како жителите на овој дел од Скопје самите го чистат ѓубрето околу зградите.

ЈКП „Гази Баба 2007“ мирно да спиете, после 10 покани во кои ве повикувавме да го исчистите дувлото обраснато со високи треви,суви гранки и 2 тона ѓубре кое вие сте должни редовно да го чистите ние станарите од околните згради на ул “Коце Металец” нас Железара самоиницијативно ја завршивме вашата работа .Ич да не се замарате ни во иднина да доаѓате навака зошто околу 400 станари кој живеаат во тие 5 висококатници од сега сами ќе си го средуваат она за што вие сте задолжени, заради нив и нивните деца кои денес беа едни од носителите на акцијата“, пишува во објавата.

За жал, оваа самоиницијативна акција не е единствена во градот. Скопје никогаш не бил погнасен град. Сепак, радува фактот што жителите не чекаат неработењето на градските и општинските власти да ги затрупа во ѓубре и преземаат иницијативи.

Риситќ VS Богдановиќ: Еве како можело и во недела (ФОТО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top