Крилото на БЕСА на Билал Касами нема да учествува во заедничката кампања со парламентарните групи кои го поддржуваат референдумот. Тој вечерва по завршувањето на средбата на лидерите на политичките партии кои даваат поддршка на референдумот на 30-ти септември и процесите за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО, најави дека ќе водат посебна кампања со која ќе ги мотивираат гласачите за поддршка на референдумот.
,, Бевме и остануваме една од главните опозициски партии и јасно кажавме дека ќе работиме за успех на референдумот. Во тој дел ќе бидеме во координација со сите политички партии кои сакаат да успее референдумот и Македонија да биде дел од евроатланските интеграции. Свесни сме свесни дека во моментот е многу важно да се постигне цензусот на референдумот и затоа со своја кампања ќе ги мотивираме гласачите”, рече Касами.
На средбата која се одржа на иницијатива на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, присуствуваа лидерите на ДУИ, НСДП, ДПА, ДОМ, Демократски сојуз, Обединети за Македонија, ПЕИ и Достоинство (Али Ахмети, Тито Петковски, Мендух Тачи, Лилјана Поповска, Павле Трајанов, Љубе Бошкоски, Фијат Цановски, Стојанче Ангелов).
Тема на средбата, која што се одржа во хотелот „Холидеј Ин“, беше референдумот и евроатланскиот пат на Република Македонија. Премиерот Заев пред почетокот на средбата изјави дека биле поканети лидери на партии кои имаат проевропски и про-НАТО ставови и го поддржуваат референдумот.Тој додаде дека на Македонија и е потребна национална коалиција во врска со вакви важни прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст