Експлозивна направа од засега неутврдена разорна моќ, е отстранета без никакви последици од раскрсница во центарот на црногорскиот град Бар, јави Вијести.ме. Предметот го отстранила Антитерористичката единица, а портпаролот на Основното државно обвинителство во Бар, Радован Ѓуришиќ, за црногорските медиуми потврдил дека сомнителниот предмет на асфалтот бил експлозивна направа.
Од Управата на полицијата соопштиле дека експлозивната направа содржела околу половина килограм експлозив.
„Експерти од Контрадиверзиониот тим успеаа да ја деактивираат направата на лице место. Тоа значи дека ќе може да се изврши нејзино вештачење во Форензичкиот центар и ќе добиеме повеќе податоци, бидејќи во спротивно ако пристапиме кон нејзино уништување, ќе останеме без траги“, истакнал Ѓуришиќ.
Од Центарот за безбедност на Бар известиле дека ОДТ на раскрсница пронашле предмет намотан со селотејп лента, за кој постојат индиции дека некому испаднал од автомобил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст