| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватски „Ѓуро Ѓаковиќ“ го купува „Еурокомпозит“?

eurkompozit

Хрватската компанија „Ѓуро Ѓаковиќ“ е заинтересирана да го купи „Еурокомпозит“, а за ОХИС долго време се обидуваме да најдеме заеднички интерес со двајца инвеститори, еден од Бугарија и еден од Германија, изјави министерот за економија Ваљон Cараќини по средбата во ЗЕЛС..
– „Еурокомпозит“ од Прилеп моментално е најблиску до решение на статусот од сите четири загубари бидејќи ситуацијата внатре е малку постабилна во однос на другите. Веќе сме многу блиску да се договориме во однос на тендерската документација и за условите кои ние ги нудиме и кои тие ги бараат. Очекувам во наредниот период да успееме да објавиме тендер кој ќе биде усогласен со неколку инвеститори со цел конечно да ги решиме прашањата кои се отворени со загубарите – изјави Сараќини.
Министерството за економија има подготвено акциски план за сите четири загубари и има средби со различни инвеститори на кои, како што рече, се разговара за сите загубари.
– За денеска немам закажано средба со инвеститор од Германија заинтересиран за ОХИС – прецизира Сараќини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top