| четврток, 6 декември 2018 |

ПАОК провоцира, УЕФА мижи: „Македонија е една и тука“ повторно на „Тумба“

Грчкиот вицешампион ПАОК никако да го тргне транспарентот со политичка конотација, во кој е инволвирана и нашата земја. Имено десетици метри долгиот транспарент на кој што пишува: „Македонија е една и таа е тука“повеќе од еден час пред почетокот на дуелот од плеј-офот на Лигата на шампионите стои на северната трибина на „Тумба“.

УЕФА строго забранува политички транспаренти, но овој со години на секој меѓународен натпревар, стои на стадионот на ПАОК. Ќе видиме дали делегатот на натпреварот Тугомир Фрајман од Словенија ќе дозволи натпреварот да се игра или ќе побара отстранување на транспарентот.

Натпреварот ПАОК – Бенфика се игра во Солун, а на првиот натпревар во Лисабон немаше победник, 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top