Шведскиот ланец продавници за мебел „Икеа“ ќе ги затвори продавниците во три норвешки градови, кои се отворени во градови, не на периферија.
Трговските центри во Осло, Алесунд и Тромсоа беа отворени во 2015 и 2016 година, како дел од глобалната пилот-програма со која шведската компанија сакаше да ја тестира реакцијата на клиентите на алтернативни решенија за воспоставениот модел на големи центри на периферијата на градот.
Со затворањето на овие продавници, компанијата сака да ги намали трошоците во Норвешка за 10 отсто за да го зголеми профитот, а на работниците ќе им бидат понудени места во други продавници.
Како дел од тригодишната програма за адаптација на бизнис-моделот, за да привлечат повеќе клиенти тие најавија подобра понуда преку интернет и пократко време за испорака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст