| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски ѝ рекол на Талевска: Сите напади врз новинари кои се случиле по 1 јуни 2017 година се расчистени

Република сака да ја информира јавноста дека ниту еден случај на закана и напад на наши новинари, уредници, сораборници и фоторепортери пред 1 јуни 2017 ниту по 1 јуни 2017 досега не е решен. Спасовски да не ја замајува јавноста со датумот на формирање на владата на Заев, 1 јуни 2017, зашто и пред 1 јуни тој беше технички министер за внатрешни работи во преодната влада

Сите напади врз новинари кои се случиле по 1 јуни 2017 година се расчистени од страна на Министерството за внатрешни работи. Полицијата презема низа активности за подобрување на соработката со организациите на новинарите.

Ова денеска го истакнал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на средбата со претседателката на Македонската асоцијација на новинари, Ивона Талевска, на која се разговарало за случаите со нападите врз новинарите во последните пет години, говорот на омраза и повици за насилство врз новинарите,  како и мерките кои ги презема МВР за зголемување на безбедноста на новинарите при известување од јавни собири.

Како што соопштија од МВР, Спасовски информирал дека веќе се имплементираат проекти во соработка со ОБСЕ и Здружението на новинарите на Македонија за зголемување на безбедноста на новинарите и нагласил дека соработката со Македонската асоцијација на новинари дополнително ќе придонесе за тоа.

Во овој контекст, Република сака да ја информира јавноста дека ниту еден случај на закана и напад на наши новинари, уредници, сораборници и фоторепортери пред 1 јуни 2017 ниту по 1 јуни 2017 досега не е решен. Спасовски да не ја замајува јавноста со датумот на формирање на владата на Заев, 1 јуни 2017, зашто и пред 1 јуни тој беше технички министер за внатрешни работи во преодната влада.

Поранешниот директор на УДБА Иван Бабановски влета во „Република“ со закани до Никола Србов: По изборите ќе заврши на Дрисла

 

 

„Република“ го пријави физичкиот напад од членови на СДСМ и од обезбедувањето во полиција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top