| четврток, 6 декември 2018 |

МЕР бара дисциплинска мерка за работникот кој нареди багерот да гази сè пред себе

Македонски енергетски регурси (МЕР) АД Скопје бара да се покрене дисциплинска постапка за работникот кој наредил багерот да гази сè пред себе при градежните работи на Водно. Инцидентот се случи денеска при одвивање на градежните работи во парк-шума Водно, на делницата за изградба на гасоводот, каде што, според снимки објавени во медиумите, работникот наредил движење на багерите во моментот кога имало присутни од граѓанските здруженија.
МЕР АД во дописот до компанијара „Рапид билд“ ДОО Куманово бара да го отстранат работникот од градилиштето и тој ,,не смее да се појави повеќе при реализација на градежните активности”, а од фирмата се бара да му одреди и дисциплинска мерка.

Денеска продолжија градежните активности за гасификација на Република Македонија, на трасата преку Водно.

Според МЕР, активностите се на потег на кој не е предвидена измена на траса, потегот за кој е добиено одобрението за градба и на кој нема дрвна маса. Се работи во согласост со новите мерки и мерките дефинирани во студијата за животна средина.

Откако беа почнати активностите, се појавиле неколку граѓани кои на мирен начин застанале во близина на механизацијата. Градежните машини веднаш ги запреле активностите, по што еден од работниците започнал вербална расправија со активистите.

Утрово на Водно: „Гази – оди напред“ била наредбата на шефот кон багеристот, но тој ја одбил

 

„Одговорниот на проектот му нареди на багеристот да нѐ помине, да нѐ прегази бидејќи застанавме на трасата. Тој почна со пцости и навреди кон нас дека сме партиски определени: ‘Иди преку нив, му кажа на багеристот’“, изјави Кирил Мицковски активист од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.

,,Напоменуваме дека вербалниот инцидент што го предизвикал работникот не е политика на однесување на МЕР и се коси со протоколите за работа. Варбалниот инцидент силно го осудуваме, а однесувањето на работникот ќе биде предмет на проверка и потенцијална дисциплинска постапка. Потенцираме дека граѓаните имаат неприкосновено право на изразување на сопствен став и изразуваме подготвеност да ги продолжиме разговорите со екоздруженијата”, соопштија од МЕР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top