| четврток, 6 декември 2018 |

Средба на лидерите на политичките партии кои го поддржуваат референдумот

На иницијатива на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, вечерва ќе се одржи средба на лидерите на политичките партии кои даваат поддршка на референдумот на 30-ти септември и процесите коишто се во насока на полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Тема на вечерашната средба, како што информираат од СДСМ, е референдумот и најважната државно-политичка цел: евроатланскиот пат на Република Македонија, приоритети од кои зависи иднината на државата и сите наши граѓани.

Средбата ќе се одржи во х. „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top