| четврток, 6 декември 2018 |

Охридско: Го удрил својот брат со тврд предмет во главата, овој паднал во безсознание

Во текот на вчерашниот околу 15 часот, во Полициска станица Охрид, М.С. (32) од село Издеглавје, пријавила дека З.Ј. (79) од село Издеглавје, физички го нападнал неговиот брат Р.Ј. (81) и со предмет го удрил во пределот на главата, по што Р.Ј. изгубил свест.

По ова, истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде е задржан на лекување, додека З.Ј. е приведен и задржан во Полициска станица Охрид за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top