| четврток, 6 декември 2018 |

Грабеж вчера во Центар: Го ограбиле казиното, па удриле и по играчите

Вчера околу 10.30 часот во Скопје пријавено е дека во казино на улица „Народен фронт“, општина Центар, две маскирани лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработената и од касата одзеле околу 50.000 денари, по што со употреба на физичка сила од А.Ф. (24) од Радовиш и М.Н. (29) од Скопје, кои биле посетители во казиното, одзеле вкупно 5.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top