| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје 2018: Шут и ѓубре во строг центар на сите страни (фото)

Петре Шилегов од градот направи депонија. Од ветениот живот во Скопје граѓаните добија хаос, ископани тротоари, шут, загаден воздух, сообраќаен хаос…..

Пред неполна година, Шилегов на скопјани им ветуваше дека Скопје, заслужува да биде модерен, европски, слободарски град каков што бил во традицијата. Бараше поддршка за живот за сите во Скопје.

– Ќе понудам една сосема поинаква визија за тоа какво треба да е Скопје, сосема поинаков пристап. Ќе градиме инфраструктура заедно со вас и ќе го направиме сообраќајот во Скопје безбеден, ќе го направиме градот транспарентен, ќе ги враќаме парите на граѓаните. Оттука почитувани граѓани ја бараме вашата доверба за да покажеме дека во Скопје може, треба и мора да се управува на поинаков начин, рече Шилегов.

Тој рече дека Скопје заслужува да биде модерен, европски град. Системски развој на зелените површини во 2021 година Скопје да конкурира за зелена престолнина во Европа.

Но за тоа како е во Скопје во 2018-та, со Шилегов како градоначалник, најдобро говорат фотографиите од строгиот центар на Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top