| четврток, 6 декември 2018 |

За дуелите со Гибралтар и Ерменија, Ангеловски повика 18 фудбалери

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски денеска ги соопшти имињата на фудбалерите на кои ќе смета на првите два натпревари од Лига на Нации. „Црвено-жолтите“ на 6 септември се среќаваат со Гибралтар, три дена подоцна (9 септември) играат со Ерменија.

На списокот на селекторот Ангеловски се наоѓаат 18 фудбалери, но поради повреда неизвесен е настапот на Аријан Адеми (Динамо Загреб) и Дарко Велковски (Ријека).

Повик од Ангеловски добија:

Голмани: Столе Димитриевски и Давид Митов Нилсон;

Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Дарко Велковски и Мите Цикарски;

Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Езџан Алиоски и Елиф Елмас;

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски и Иван Тричковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top