Багеристи добиле наредба да газат активисти кои не даваат да се исече шумата и да се уништува природата со градење на гасоводот на Водно. Граѓаните во голем број застанаа во одбрана на планината и побараа да се прекине со изградбата, но власта по секоја цена продолжува со градежните активностите. Денеска на Водно дојде до судир меѓу активистите и градежниците.
Драмата за зачувување на планината започнала утрово во 9.30 часот. Активистите рано наутро стасале на местото и поставиле импровизиран камп на трасата каде што треба да поминат багерите.
Како што сведочеле присутните, багеристот добиле наредба да ги гази, но истата ја одбил.
– Поради низа сознанија дека не се запазени процедурите за градба, изградба и немање дозвола за сеча и други пропусти, решивме да го запреме целиот процес со жив штит. Багерите во 9.30 часот тргнаа со работа. И покрај нашиот мировен протест со поставување на излетничко место, шефот му нареди на багеристот „ гази – оди напред“. Возачот на багерот одби и излезе од багерот. Во моментов се сопрени машините.
– Цело утро се обидуваме да контактираме со надлежните во Министерството за животна средина но никој не одговара на повиците, а ниту пак некој од посоченото Министерство е присутен на терен, а на теренот не е присутна ниту полицијата. Денес на мистериозен начин се случи и генерален ремонт на жичара поради што не е во функција. Ние остануваме овде, вели активистот Сергеј Дамовски за МКД.мк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст