Рокот за пријавување првачиња за еднократна парична помош од 3.500 денари што ги доделува Општина Аеродром на првоодделенчињата запишани во основните училишта на нејзината територија е продолжен до 15 септември.
Покрај оваа одлука за продолжување на рокот за пријавување, олеснети се и критериумите, така што е доволна лична карта на само еден од родителите.
Одлуката за доделување по 3.500 денари за првоодделенците првпат е донесена оваа година во Општина Аеродром. За оваа намена, Општината има издвоено околу 2.800.000 денари од сопствениот Буџет за околу 800 првачиња.
Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari. Барањата можат да се поднесат во Општина Аеродром секој работен ден од 9 до 15 часот во канцеларија број 19, а исплатата на паричните средства е предвидена за почетокот на учебната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст