| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Хрватска: Едногодишно девојче се удавило во канта со вода

Едногодишно девојче во понеселникот се удавило во пластична канта со вода во местото Кузминци во близина на Копривница, Хрватска. Соседите слушнале пискотници, а потоа ја виделе мајката како го носи безживотното тело на малото девојче кое се удавило во пластична канта.

Според полицијата, девојчето си играло околу кантата полна со вода и во еден момент ја изгубило рамнотежата и паднало во неа. Несреќата се случила во дворот на семејната куќа.

Телото го пронашла 19 годишната мајка, која во време на несреќата била во куќата. Таа отрчала кај соседите за да викне помош, но докторите само констатирале смрт.

Соседите велат дека таткото бил на работа, а младата мајка се грижела за девојченцето, кое само пред неколку дена го прославило првиот роденден

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top