| четврток, 6 декември 2018 |

Ја удрил гром на Пресвета Богородица: Оштетена сто години старата црква во Долно Српци

Гром удрил во стотина години старата црква Св. Теодор Тирон во Пелагониското село Долно Српци, кое синоќа прeд полноќ беше погодено од силно невреме. Од молњата изгоре електричната инсталација, испукаа и потемнаа ѕидовите на овој верски објект, искршени се сите прозорци, оштетени се скалите во внатрешноста, лустери и други предмети. Оштетувања има и во помошните простории во дворот, а без струја остана половина село.

– Сношти беше страшно, имаше силни грмотевици, не се излегуваше надвор. Кога дојдовме сабајле видовме дека црквата е уништена, Зоран Ристевски, жител на Долно Српци.

– Излегов ноќеска околу 2 часот, видов дека жиците се усвитени, но немаше што да се направи, рече Трајче Велјанчевски, жител на Долно Српци.

Црквата била целосно обновена пред 8 години, а сега од Црковнит одбор бараат парите што треба државата да ги исплати за денационализација на црковно земјиште во Долно Српци, да се наменат за обнова на црквата.

– Од Министерсвото за финансии ни се одобрени 42.000 евра, кои треба да се префрлат. Бараме владиката Петар да ни излезе во пресрет и да ни помогне со тие пари да ја реновираме црквата, рече Илче Дамевски, член на Црковен одбор на црквата.

(извор – Телма)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top