| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Пејчиноски на 12 години денеска го преплива Охридското Езеро

Охрид денеска на големиот христијански празник Голема Богородица го слави својот нов херој, 12-годишниот Марко Пејчиноски кој направи неверојатен подвиг, препливувајќи го Охридското Езеро. Успехот е уште поголем ако се знае дека ова дете доживеало инфаркт на долните екстремитети, но тоа не го спречило да сонува за големиот подвиг – сон што денеска стана реалност.

Тој утринава почна со пливање околу 10.30 часот, а за противници на самиот старт ги имаше и ветерот и брановите кои му ја отежнуваа работата. Сепак, Пејчиноски одговори на сите предизвици, па нешто по 18 часот пристигна на Охридското пристаниште, пречекан од огромна број на сограѓани.

 

фото:Охридњуз

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top