| четврток, 6 декември 2018 |

Утрово бил на операција: Тренерот на Рома си ја скршил раката по прославата на израмнувачкиот гол (видео)

Еузебио ди Франческо утринава морал да оди на операција на раката поради скршеница која ја здобил синоќа за време на натпреварот помеѓу Рома и Аталанта.

Овие две екипи одиграа спектакуларен дуел на „Олимпико“, кој заврши со резултат 3-3. При постигнувањето на израмнувачкиот гол на Костас Манолас во 82-та минута за 3-3, Еузебио ди Франческо удирал со раката во пластичната заштита на клупата за резерви. Тој скршил неколку коски во раката па затоа морал да оди и на операција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top