Момчето со големо срце и челична волја, дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски од Охрид, кој утрово го започна подвигот за препливување на Охридското Езеро, во моментов се наоѓа кај Лагадин и полека се доближува до Охрид. Се држи одлично и покрај северниот ветер и бранот, пренесува OhridNews. Плива константно со 60 зафати во минута, физички и психолошки е исклучително стабилен, што е од голема важност за ваков подвиг вели медицинскиот тим кој го прати Марко заедно со екипа на Црвениот крст, OhridNews и уште еден пратечки чамец во кој се таткото и неговиот брат.
Подвигот на храбриот пливач Марко е дотолку поголем ако се земе во вид дека тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но како што вели, тоа не му претставува пречка да го оствари својот голем сон, да го преплива Охридското Езеро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст