Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска со сопругата Маја и синот присуствуваа на големиот црковно-народен собир по повод православниот празник Успение на Пресвета Богородица секоја година се одржува во охридското село Скребатно.
Претседателот Иванов на бројните присутни православни верници им посака добро здравје, радост и среќа.
На празникот, кај народот уште познат како Голема Богородица, години наназад кај црквата посветена на Богородица во излетничкото место Скребатно традицонално се одржува голем црковно-народен собир на кој присуствуваат илјадници верници. Секоја година на празникот во Скребатно се одржува наддавање за светиот крст, а средствата собрани од учесниците во наддавањето се искористуваат за надградба и одржување на светиот храм и излетничкото место.
Црквата „Света Богородица“ во Скребатно целосно беше возобновена во 2004 година врз темелите на стариот храм, чија старост не е точно утврдена. Скребатно по прв пат во пишан документ се спомнува во 1583 година. Врз темелите на вековната традиција денешните генерации не само што ја чуваат верата и обичаите туку претставуваат и вистински пример како треба да се сака и надградува едно свето место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст