Педесет и шестгодишниот Корнелијас Јоханес од Холандија, кој има една нога, викендов пливаше на охридскиот маратон. За прв пат во историјата на маратонот учествуваше инвалид, вљубеник во пливањето, но и во Охридското езеро, објави Охриднет.
Холанѓанецот, кој ја изгубил ногата во тешка сообраќајна несреќа, покажа дека физичките недостатоци не мора да бидат препрека за големи подвизи.
– Човек како мене, со протеза, мора да вежба секоја недела од четири до осум часа. Во спротивно нема да може да плива. Ова е многу долга дистанца, а јас вежбав секој ден на помало растојание. Колку е подолга дистанцата толку повеќе треба да се вежба, вели тој и додава дека животот е убав, а соништата се остваруваат.
Вели дека црпи енергија од природата и љубезните домаќини. Сака да ги мотивира луѓето со физички недостатоци да не се откажуваат од предизвиците.
Идејата да учествува на маратонот се јавила лани, кога успеал во бура, силно невреме и бранови да преплива од Струга до Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст