| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватката Славица од разводот заработи 1,2 милијарди долари и влезе во 10-те најбогати во шоубизнисот

„Селебрити нет ворт“ ја обелодени листата на најбогатите личности од светот на шоубизнисот, а списокот е мошне неочекуван, бидејќи меѓу нив се најде и поранешната сопруга на шефот на Формула 1, Хрватката Славица Еклстон.

На прво место е Џорџ Лукас, човекот кој ги создаде „Војна на ѕвездите“, а чие богатство се проценува на 5,1 милијарда долари. Го следи режисерот Стивен Спилберг со 3,7 милијарди долари, а на третото место се нашла конечно и една жена, водителката Опра Винфри која „тежи“ 3,2 милијадри долари.

Зад неа, на четвртото место, се најде актерката Јами Герц, која во текот на кариерата заработила две милијарди долари, и зад неа каска музичарот Пол Макартни со заработени 1,2 милијарди долари.

На шестата позиција е Славица Еклстон, бившата сопруга на Берни Еклстон, која инкасирала 1,2 милијарди долари.

Меѓутоа, разликата е огромна – Хрватката тие пари ги заработила со мажењето за Еклстон, односно со разводот. Славица Радиќ потекнува од Ријека, Хрватска, а со Берни била во брак од 1985. до 2009 година. Се запознале во 1982 година кога тогашната манекенка имала само 23 години на една трка во Италија. „Тргни се оттука“, ѝ се обратил Берни тогаш. „Останувам тука“, дрско му одговорила не знаејќи дури ни со кого разговара. „Ако уште повеќе ми се приближиш, ќе те удрам“, додала таа и го импресионирала со дрскиот став и темпераментот.

Медиумите во неколку наврати пишуваа дека Берни и Славица имале многу турбулентен брак и дека таа го тепала, како и дека неколкупати бил виден во јавноста со модринки кои токму таа му ги направила. Во една прилика се појавил во канцеларијата со огромна модринка, признавајќи дека неговата сопруга е виновна за тоа, а сè, бидејќи го видела со убава манекенка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top