Шефот на дипломатијата Никола Димитров го обвини својот некогашен шеф дека лаже за содржината на разговорите во Вашингтон.
“Иако повеќе би сакал да се бавам со тоа што е суштинско, поради важноста во овој момент да не се остави ниту една нерасчистена дамка, и само поради тоа, потребно е да укажам на следново:
Статусот на пратеникот Антонио Милошоски за содржината на мојот разговор со Државниот секретар на САД Мајкл Р. Помпео, е груба политичка манипулација и безобразен школски пример за создавање лажни вести”, објави Димитров.
Милошоски кој заедно со министерот Димитров во 2009 се бореше против Грција во Хаг веднаш одговори.
“Има еден начин да се потврди кој политички манипулира, а тоа е да се објави белешката водена за време на средбата со Д.Сек Помпео, која белешка е архивирана во Министерството за надворешни. Ако Министерот лаже, белешката не лаже!
ПС. А за школските примери за лажни вести засега без конкуренција е онаа кога министерот Димитров изиграваше фотограф на Заев при ракувањето од 2 секунди со Трамп, а во јавноста лажно објави дека имале средба и разговор за важни теми. Мизерија!”, му порача Милошоски на Димитров.
По оваа порака Димитров запре со преписката.
Пратеникот на ВМРО-ДПМЕ на Твитер сподели негови сознанија за средбата на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со американскиот државен секретар Мајк Помпео.
На средбата, наводно, Димитров изразил загриженост дека на претстојниот референдум нема да има цензус, односно дека се очекува да гласаат околу 700 илјади граѓани.

„Интересни поенти од средбата на @NDimitrovMK со држ.секретар Pompeo
Прашан за прогноза за референдумот, Димитров рекол “тешко да имаме цензус, очекувам да гласаат меѓу 600 и 700.000 граѓани”.
Ни @VladaMK не верува во успешен референдум дури и со полнење кутии во Арачиново и Шутка“, „твитна“ Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


