| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајлоски од Матка: Нека ни е вековит празникот (ФОТО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајлоски, присустввуаше на литургија во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица во манастиорската црква Св. Богородица на Матка.

Во манастирот во Матка крај Скопје денеска со Света Божествена Литургија и со народен собир се одбележува христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Празнувањето почна синоќа со Вечерна Богослужба, духовна академија и сеноќно бдение со црковно пеење и читање псалми.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.

Во манастирскиот двор ќе се одржи и традиционалната крводарителска акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top