Шпанскиот тенисер Давид Ферер со повреда го заврши натпреварувањето на гренд слем турнирите откако во првото коло на САД опен му го предаде мечот на Рафаел Надал во вториот сет.
Давид Ферер го одигра последниот грен слем меч во својата кариера, но тој не беше целосен, по два сета го предаде дуелот со Рафа Надал.
Искусниот Ферер наскоро ќе стави крај на кариерата, па УС Опен за него беше последниот грен слем турнир кој заврши неславно.
Надал водеше со 6-3 по првиот сет, во вториот губеше со 3-4 кога Ферер поради болки во ногата кои почнаа уште од првиот сет, реши да се предаде.
-Тажен сум бидејќи ова беше мојот последен грен слем. Уживав играјќи меч против Рафа. Играв добро. Но како и да е, горд сум на себе со мојата кариера. Имам 36 години и време е да си одам дома, изјави Ферер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст