Легенадрниот актер Димче Мешковски, се присети на дружбите со својот колега Ванчо Петрушевски, кој почина во саботата, од струен удар во својата викендичка во скопско Орешани.
„Ванчо беше насмевката. Тој најмногу не веселеше. И на претставите, и по нив, и додека се збиравме овде во бифето на Драмски театар да играме табла“, изјави Мешковски во интервју за „Женски магазин“ пред неполни два месеци. Актерот веќе четири години со сопругата живее во Санта Моника, САД. Најголемата причина е неговата внука Леона од ќерката Јасна, но и напредната медицина која му ги олеснува здравствените проблеми.
„Овде, во театарското бифе е моето легло. Тука се збиравме со Ванчо, Гоце, Дади, Стево Спасовски, Коле Ангеловски. Доаѓаа актери и пејачи од цела Југославија, тука мезевме убав пинџур со домашна ракија, игравме табла и пеевме песни. Сега, се помалку и помалку актери доаѓаат овде. Таа дружба меѓу колегите е многу битна за да опстои и за да расте еден театар, и за да има квалитет и можности за подобри претстави“, рече Мешковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст